ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Главниот осомничен за претепувањето на хрватскиот ракометар Тот сѐ уште во бегство

За случајот со претепувањето до смрт на хрватскиот ракометар Денис Тот, полицијата дознала последна. Видеото покажува дека него го удриле три лица, дури и откако тој изгубил свест и лежи на земја. Брза помош повикал персоналот на ноќниот клуб. Министерот за внатрешни работи ги демантираше наводите дека не реагирале навреме. Спасовски рече дека полицијата не престанала да трага по 28-годишниот бегалец. Тој рече дека постојат докази дека главниот осомничен не побегнал во странство, преку граничните премини.

Advertisements

Од Јавното обвинителство велат дека сликите од настанот објавени на социјалните мрежи не му штетат на истражниот процес. Се вели дека се трага по првоосомничениот, но не објаснуваат зошто се уште не распишале потерница на национално ниво, а уште помалку меѓународна. Судската обдукција покажала дека на Хрватот му бил откинат јазикот и имал уште 4 хематоми во мозокот. 19 годишната девојка К.Л. и 22 годишниот А.К. се во притвор 30 дена поради обвинение за убиство. Другиот е во бегство.

Пет дена по трагедијата, главниот осомничен со иницијали А.Ѓ. сѐ уште е во бегство. Додека истражните органи велеа дека по него се трага со општа потерница, што ги подразбира пријавените адреси каде може да се движи, сѐ уште не е распишана домашна или меѓународна потерница.

Според очевидците, 28-годишниот Тот ноќта на 7 април кога се случила трагедијата бил во друштво со 19-годишната К.Л., а по меѓусебна расправија двете момчиња А.К. и А.Ѓ. дошле да ја земат со такси пред ноќниот клуб. Во 3.30 часот по полноќ расправијата прераснала во тепачка а ја следат уште неколку лица кои не прават ништо за да ги одвојат, ниту го пријавуваат случајот. Обезбедувањето на клубот интервенирале откако расправијата завршила.

Дополнително, ноќниот клуб „Привилиџ“ во кој се случи трагедијата нема работна дозвола, велат од Министерството за економија. Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека повторно ќе постапуваат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале. Хрватската амбасада во Скопје и натаму апелира што поскоро целосно да се расчисти овој случај. Погребот на починатиот беше извршен денеска во градот Ѓаковица во Хрватска.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button