ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Глобалните трендови ги намалија цените на производите

Од 20 до 40 денари поевтино се продаваат дел од производите за кој сѐ уште траат владините мерки за замрзнати цени. Доматите на пазарите може да се купат за 50 денари, краставиците за 60, пиперките за 70 денари и лимоните за 50 денари. Пазарџиите велат дека цените драстично се намалени, бидејќи производителите но и увозниците им ги продаваат по пониска цена. Одлуките на владата за замрзнување на цените, трговците велат дека не придонеле за поевтинување на робата.

Advertisements

„Порано имаше поскапи цени краставиците беа 150 денари, доматите сега паднаа максимално, цените се добри краставиците се по 50-60 денари, цените паднаа но буџетот на граѓаните е многу низок. Робата ја земаме на друго место таму ги намалуваат цените , таму имаше некоја акција и така се намалија цените и кај нас. Луѓето купуваат но не многу сепак сме задоволни и граѓаните се задоволни“, вели еден трговец.

Стабилизација на цените и намалувањето на инфлацијата има и во соседството, што се должи пред се на надминување на енергетската криза. Покрај домашните, трговците велат дека и прозиводите кои се увезуваат во змејава се со намалени цени.

„ Имаме увозна роба и наша домашна, ова на пример јас што продавам е струмичка директно од бавча тука донесено затоа е се повисоки – но не се скапи цените а увозната роба бидејќи е на крај има пониска цена. Муштериите се задоволни, ние исто така продавачите сме задоволни иде побрзо продажбата, може да си приушти секој да си купи по овие пониски цени“, велат трговците.

Замрзнатите цени на производите важат до крајот на овој месец. Според последната одлука на Владата е дека доматите не можат да се продаваат над 95 денари, пиперките за 100 денари, 95 денари за килограм краставици додека лимоните за 60 денари. Од Владата велат дека се анализира дали ќе се пролонгира рокот на замрзнатите цени бидејќи нов драстичен бран на поскапување не се очекува.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button