ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Глутница бездомни кучиња секојдневно напаѓа луѓе околу музичкото училиште во Тетово

Жителите на Тетово деновиве со страв поминуваат низ градските улици поради секојдневните напади од бездомни кучиња. За изминатите 24 часа во СВР Тетово се пријавени три случаи, а во Центарот за јавно здравје дури седум.

Мештаните кои живеат во близина на музичкото училиште алармираат дека на улицата „Иво Лола Рибар“ неделава глутница кучиња секојдневно напаѓа пешаци.

-Постојано деновиве слушаме панични повици за помош на луѓе кои се нападнати. Ги забележавме и глутницата од неколку кучиња, велат вработените во еден од фризерски салон кај училиштето.

Во СВР Тетово вчера 26 и 48-годишник ги пријавиле нападите на оваа улица. Пријавени се и напади од бездомни кучиња и на улицата „Браќа Миладинови“.

Градоначалникот Биљал Касами најави дека во текот на оваа година во рамки на Полошки плански регион на програма која ќе нуди регионално третирање на проблемот со бездомни кучиња.  

Центарот за јавно здравје-епидемиолошка служба во текот на 2021 година бележи 53 напади од бездомни кучиња.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button