Го мачел своето куче – полицијата најавува кривична пријава против 23-годишник од Крива Паланка

Откако видеото од мачењето на кучето на улиците на Крива Паланка беше споделено во јавноста, Полициската станица Куманово ќе поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.А. од Крива Паланка, пишува Алсат.
Според полицијата, против 23-годишникот од Крива Паланка се води истрага поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.
„Полициската управа Крива Паланка е известена дека на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како во Крива Паланка, куче е врзано за патничко возило во движење и кучето е принудено да се движи. Полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и е утврдено дека сопственик на автомобилот и на кучето е А.А. (23) од Крива Паланка“, велат од Министерството за внатрешни работи.
„Анима Мунди“ вели дека волонтери од оваа организација веднаш излегле на терен за да ја проверат состојбата на животното, при што пронашле бројни повреди на неговото тело и побарале животното да му се одземе на сопственикот поради тортура.
Оваа организација бара сите оние кои мачат животни да бидат кривично гонети и да ја добијат казната што ја заслужуваат.