ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Годината си врви, тетовските ученици уште ги немаат сите учебници

Училиштата во Тетово пред неколку дена добија учебници, но од образовниот сектор во општината велат дека сè уште има недостиг. Книгите беа доделени од Министерството за образование дојдоа по петицијата на родителите и основците. Раководителот на Секторот за образование во Тетово инсистира да се одобри барањето општината да го решава проблемот со недостигот на учебници.

Advertisements

„Недостигот на учебници е следниов: 23.100 на албански, 2.934 на македонски и 1.525 на турски јазик. Колку што знам донесени се книги по математика, албански јазик и природни науки. Веќе побаравме од Министерството доколку не ги достават книгите за основците, да ни дадат дозвола за да можеме ние како општина да ги снабдиме, но сè уште немаме ниту дозвола, ниту одговор од Министерството за образование“, рече Валидин Адеми- раководител на Секторот за образование, општина Тетово.

Од овој ресор пак, тврдат дека петицијата е неоснована и под политичко влијание.

„Министерството за образование оценува дека родителите на основците од општина Тетово неосновано се повикуваат да потпишат петиција за обезбедување учебници. Податоците покажуваат дека општина Тетово оваа учебна година имала најголем тираж на учебници во однос на она што го побарала локалната самоуправа. Конкретно, од 52.884 побарани учебници, доставени се 42.000“, наведуваат од Министерството за образование.

Од самиот почеток на учебната година на учениците низ државава им недостигаат учебници. Учат со фотокопии и со диктиран материјал.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button