Годинава и цвеќето двојно поскапо за 8ми Март
Годинава и цвеќето двојно поскапо за 8ми Март

На Меѓународниот ден на жената, 8 Mарт, бројни граѓани го преплавија цветниот пазар за да купуваат за своите најблиски во знак на почит кон жртвувањето на жените. Цените на цвеќињата се движат од 200 денари до над 1500 денари. Граѓаните велат дека цените на цветните букети годинава се повисоки од лани и дека не е фер двојно да се зголемат цените за 8 март.
8 март се слави секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк за барање поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир./Алсат.мк
Линда Ебиби