Годинава нема да се доградуваат двата факултета во дворот на УКИМ

Двата објекти во кругот на универзитетот Свети Кирил и Методиј нема да се довршат наскоро. Никој од надлежните не знае кога ќе продолжи нивната изградба. И двата објекта се изградени околу 15 отсто од предвиденото.
„Година и половина зјаат празни карабините во дворот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Тука требаше да има плус два нови факултета – за физичко образование и информатички науки. Нив во барокен стил требаше да ги гради штипски Бетон, но фирмата е во стечај“.
Ниту оваа година нема да се доградуваат двата факултета. Вака ќе изгледа влезот на УКИМ уште некое време, бидејќи тука нема да се помести ниту една тула. Алсат во два наврати праша во Министерството за образование на што се чека за да продолжи градбата на овие два факултета. Првиот одговор беше дека се чекаат пари од Министерството за финансии, а сега дека градбата ќе зависи од тоа дали ќе има пари во буџетот за 2021.
„Во зависност од Буџетот за 2021 година што треба да се донесе, ќе се утврди динамиката за реализација на капиталните инвестиции“, велат од Министерство за образование.
На терен е останата дел од градежната механизација. Поради ова, главниот влез на Универзитетот петта година не функционира и студентите до кампусот можат да пристигнат само од споредниот влез. На градежната табла сè уште пишува дека тука гради „Бетон – Штип“, фрима која во 2015 година доби тендер од 20 милиони евра за двата факултета. На неа и беше платено само тоа што го изгради, тврдеше доскорешниот министер за образование Арбр Адеми. Зградата на ФИНКИ е изградена само 14 отсто, додека на спортскиот факултет 16 отсто. Пред пет години зелениот појас во кампусот на УКИМ се тргна, а денес наместо нови факултетски згради и услови за студентите за спорт и инфоматика, оваа слика ги пречекува академските граѓани на најстариот универзитет во Македонија.
Игор Стефановски