ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Годинава поквалитетен тутун, но пониска цена

Подобар квалитет, но пониска откупна цена. Производителите на тутун негодуваат дека годинава откупот ќе биде лош, бидејќи родот им се проценува за една до две класи подолу уште на самиот почеток на откупот. Иако официјалниот старт на откупот е на 15 декември, некои фирми веќе почнале да купуваат од годинешната реколта. Но, засега малку тутунопроизводители во овој период решиле да го продадат родот.

Advertisements

Оваа година мислам дека откупот на тутунот нема да биде на задоволително ниво како што очекуваат производителите, затоа што почетокот фирмата СОКОТАБ која почна со откуп пред два-три дена е слаб. Затоа мислиме дека годината нема да биде баш задоволителна. Но, ова е моето привично мислење. Кога ќе почнат со откуп и другите фирми, може ќе има коннкуренција меѓу нив, па може тогаш малку ќе се подобри состојбата и да се подобри и откупната цена на тутунот“-рече Месуд Рушити, Тутунопроизводител од Прилепско.

И во Струмичко, производителите на тутун се незадоволни од откупната цена.

Оваа година имаме веќе трет ден откуп со просечна цена од 60 денари. За во иднина луѓето се загрижени бидејќи имаа склучено договор на помала декаража, самите фирми тоа им го направија и има вишок килограми кои ова година, според податоците, имаме случено договор на 21 милион, а има производство на 25 милиони килограми, ќе дојде до проблем со самиот откуп“-изјави Маријанчо Трајков-Претседател на тутунопроизводители „Басмак“ – Василево.

Претходната година просечната цена беше 220 денари за килограм, а во џебовите на тутунопроизводителите влегоа вкупно 125 милиони евра, а беа откупени 26 милиони килограми тутун.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button