Годишно од Македонија се иселуваат по околу 250 лекари
Годишно од Македонија се иселуваат по околу 250 лекари

Заминувањето на лекарите од Македонија не престанува. На годишно ниво од нашата земја заминуваат околу 250 лекари. За да останат во татковината потребни им се подобри услови за работа и повисоки плати, велат од Здружението на лекари на Македонија.
Леонид Рене Томас Каражинов е најдобриот студент по медицина кој веќе ги завршил студиите. Моментално е на пракса во Првата помош. Не сака да ја напушти државата, но за да остане да работи тука очекува финансиска сигурност.
Од Светската здравствена организација велат дека здравството во Македонија е подобрено, но сè уште има празнини кои треба да се пополнат.
„Сè уште има простор за подобрување. Да се намалат трошоците што граѓаните ги плаќаат од свој џеб за здравствени услуги, особено во примарната здравствена заштита, бидејќи законот кој овозможува подобар пристап до примарната здравствена заштита го изгласа Владата“, рече Ен Јохансен, СЗО.
Во пресрет на 7 април, Светскиот ден на здравјето, според СЗО, посебно значење треба да се даде на раното откривање на болестите кои предизвикуваат смрт. Многу опасности доаѓаат од незаразните болести како што се дијабетесот, високиот крвен притисок и срцевите болести. На листата со причинители на прерана смрт, на врвот се наоѓа пушењето./Алсат.мк
Мелихате Рустеми