СПОРТ

Гоф и Сабаленка, сигурно до осминафиналето на Индијан Велс

Арина Сабаленка доминантно се пласира во осминафиналето на Индијан Велс, совладувајќи ја Лусија Бронцети во два сета (2-0). Белорусинката беше сигурна и ѝ беа потребни час и 15 минути за да дојде до победата. Сабаленка го доби првиот сет со експресни 6-1, а потоа и вториот убедливо со 6-2. ВО следната фаза таа оди на мегдан со Картал.

Advertisements

Сигурен триумф забележа и Коко Гоф во пресметката со Марија Сакари (2-0). Младата Американка се измачи во првиот сет, го доби дури по тај-брејк со 7-1, за потоа во вториот да го разбие отпорот на ривалката и со 6-2 да стигне до победата. Следна ривалка на Гоф ќе ѝ биде Белинда Бенчиќ која ја исфрли Шнаидер (2-0).

Победи на Индијан Велс забележаа уште медисон Кис, Лиудмила Самсонова, Дона Векиќ и Јасемин Паолини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button