ВЕСТИСПОРТ

Ѓоковиќ: Жал ми е, не беше намерно…!


По бранот реакции во спортската јавност, по инцидентот на УС Опен, во кој српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ со топче удри линиски судија, со свој коментар се јави и самиот тој:

„Целата оваа ситуација ме остави многу тажен и уништен. Проверив кај судијката и таа ми рече дека, фала богу, се чувствува добро. Жал ми е што и предизвикав таков стрес. Ова беше ненамерно. Не е во ред. Што се однесува до дисквалификацијата, треба да работам со мојата фрустрација и да ја претворам целата оваа ситуација во лекција за мојот раст како играч и личност. Им се извинувам на организаторите на УС Опен“, напиша Ѓоковиќ на својата Фејсбук страница.

Инцидентот може да го погледнете на следниот ЛИНК.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button