МАКЕДОНИЈА
Голем број жртви и над 400 нови случаи на коронавирус во земјава

Во текот на последните 24 часа на национално ниво, од 3.491 извршени тестови, регистрирани се 487 нови случаи на Ковид-19, од кои 230 само во Скопје. Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје објавува дека се излечени 1.487 пациенти.
Истовремено, битката со Ковид-19 ја загубија 20 пациенти. Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 198.156 случаи, од кои 185.459 се излечени, додека 6.998 починале. Во моментов во нашата земја има 5.699 активни случаи на корона вирус.