ВЕСТИСВЕТ

Голем број жртви во израелски напади врз Сирија

Најмалку 14 луѓе загинаа по голем број израелски напади врз цели низ Сирија доцна во неделата, објави државната новинска агенција на земјата.

Advertisements

Се наведува дека гаѓани се пет локации, вклучително и научно-истражувачки центар.

Два регионални разузнавачки извори рекоа дека голем воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје во близина на Мисјаф бил неколку пати погоден.

Се верува дека во него е сместен тим од ирански воени експерти кои се занимаваат со производство на оружје, пишува Би-Би-Си.

Сириските државни медиуми исто така објавија дека ударите предизвикале два пожари кои пожарникарите ги гаснат.

Израел обично не ги коментира нападите во Сирија и не го коментираше овој последен напад.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button