ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Голем интерес за упис на Медицинскиот факултет
Голем интерес за упис на Медицинскиот факултет

Бруцошите кои сакаат да се запишат на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, до утре треба да ги завршат уписите и насоките за кои се одредени. Некои од нив се надеваат дека веднаш по студиите ќе обезбедат работа и подобра иднина.
На природно- математичкиот факултет има слаб интерес за настава. Професорот Оливер Зајков вели дека наставниците по математичко- природни науки треба да имаат посебен третман.
Според конкурсот на УКИМ, за учебната 2023-2024 година се предвидени 10.473 слободни места на 23 факултети. Вториот уписен рок ќе биде на 18 и 19 септември, додека третиот на 28 септември.
Мелихате Рустеми