СПОРТФУДБАЛ

Голем инцидент, тројца прободени во фан-зоната во Штутгарт

Непријатни вести на првиот слободен ден на Европското првенство 2024 во Германија. Очигледно е дека Германија се повеќе потфрла од безбедносен аспект во организацијата на шампионот. По бројните упади на терен на сред натпреварите од страна на навивачите, се чини, избегната трагедија од големи размери во Штутгарт.

Како што пишува германски „Билд“, наводно исламски терорист од Сирија во фан-зоната во Штутгарт нападнал и избодел тројца навивачи, од кои еден германски тинејџер и двајца турски државјани.

Полицијата веднаш го уапсила 25-годишениот сириец, кој на Шлосплац во Штутгарт успеал да изврши напад во навивачката зона, која инаку треба да биде под строга безбедносна контрола. Но, успеал да пренесе ладно оружје во зоната и, со ништо предизвикан, потоа да изврши напад на дел од навивачите. Сепак, за среќа брзо е совладан и спречена е поголема трагедија./Еkipa.mk./

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button