ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голем крст поставен во дворот на манастирот „Свети Наум“ на Попова Шапка, најавени тужби

Голем крст е поставен надвор од дворот на манастирот „Свети Наум“ Охридски на Попова Шапка. Општина Тетово не дала дозвола за поставување на крстот на ова место, додека согласност не добиле ниту од Националниот парк „Шар планина“.

Advertisements

„Општина Тетово нема дадено дозвола за поставување на крстот на Попова Шапка, односно поставен е без соодветна дозвола. На местото на настанот излегоа општински инспектори за да ја утврдат фактичката состојба и да ја проценат истата, по што ќе бидат преземени законски мерки за спроведување на правилата и процедурите. Општина Тетово и во овој случај ќе ги почитува сите законски процедури“, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово.

„Прво, ние не сме против верски објекти или подигање на одреден крст или минаре, но мора да се почитуваат законските норми. Ние постоиме две години и досега не пристигнало никакво барање или писмо и секако треба да се побара мислење бидејќи даваме мислење за објектите кои се градат во рамките на Националниот парк“, рече Ибрахим Дехари, директор на Националниот парк „Шар планина“.

Се обидовме да добиеме изјава од челниците на Манастирот, но наидовме на затворени врати. Еден од членовите на советот на манастирот Попова Шапка телефонски потврди дека не е побарана дозвола, притоа велејќи дека се работи за урбана опрема за која не е потребна дозвола.

„Крстот е поставен на земјиштето на црквата и ова е урбана опрема и не е ниту споменик на ништо. Таа беше поставена синоќа“.

Новинар: Господине дали треба да се добие дозвола од општината и од Националниот парк за негово поставување?

„Националниот парк нема врска со ова, инаку за секој објект е потребна дозвола. Но има коментари за верски предмети, наводно не се дава, не се прави, што според мене не е во ред. Дури и верските предмети треба да се третираат исто. Не знам, не сме побарале дозвола од општината, јас лично не сум побарал“, рече човекот.

Реагираше и советничката група на ДУИ. Бараат итна седница на советот за да се дадат потребните објаснувања.

„Бараме на седницата да присуствува и првиот човек на општината за да ни даде образложение како е поставен тој крст таму“, рече Лиридон Диша, општински советник на ДУИ.

Од општина Тетово но и од Националниот парк велат дека одговорните ќе бидат тужени и по одлуката на судот ќе се постапи исто како и за објектите изградени без дозвола на Попова Шапка.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button