РЕГИОН

Голем пожар на грчкиот остров Закинтос, наредена е евакуација на едно село

Голем пожар на грчкиот остров Закинтос, наредена е евакуација на едно село

Во селото Мегала Алонија, во северниот дел на јонскиот грчки остров Закинтос, наредена е евакуација на населението, бидејќи шумскиот пожар ја загрозува областа.

Жителите на ова село добиле порака преку итниот број да се евакуираат во селото Ано Волимес, пренесува Катимерини.

Противпожарната служба во соопштението наведува дека во гаснење на пожарот учествуваат 24 пожарникари со 10 противпожарни возила и еден хеликоптер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button