

Алсат
06.09.2020 11:50
Во Калифорнија во тек е голема акција за спасување и евакуација на луѓето кои се наоѓаат во областа на шумски пожар. Според Би-Би-Си, десетици луѓе се евакуирани со воени хеликоптери од областа Мамутов извор, 60 километри северозападно од Фресно.
Пожарот се шири брзо и досега зафатил околу 5.000 хектари шума.