
Голем шумски пожар избувна утрово во непрооден дел во областа Мола Калива кај Касандра на првиот крак на Халкидики, а во тек се напори за ставање на огнот под контрола.
Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четири авиони, а помагаат волонтери и цистерни од општините.
Според локалните медиуми, силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.
Грчкиот остров Евија летоска беше многу зафатен од шумски пожари, а на помош на грчките пожарникари им дојдоа и колеги од неколку европски држави.