
Бројни институции и компании во светот, меѓу кои аеродроми, банки, болници и медиумски куќи, пријавиле технички дефекти што им предизвикуваат потешкотии, јавуваат светските медиуми.
Аеродромите во Берлин и Амстердам пријавија технички проблеми што ги одложија летовите, а на патниците им беше препорачано да контактираат со нивните авиокомпании за најнови информации. Британскиот медиум Sky News објави дека не може да ја емитува својата утринска програма поради технички дефект.
Поради дефект на софтверот, падна и онлајн системот на британскиот здравствен систем.
Бројни други компании ширум светот пријавија слични проблеми.