СПОРТФУДБАЛ

Голем удар за Ман. Јунајтед: Мејсон Маунт паузира до април

Играчот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт ќе го нема на терените најмалку до март 2025 година. Фудбалерот од средниот ред и онака ретко играше сезонава, откако настапи само на седум натпревари во Премиерлигата, и четири меча во Премиерлигата.

Advertisements

Манчестер Јунајтед потврди дека Маунт ќе го нема некое време од терените, но не прецизираше точно колку. Се претпоставува дека Јунајтед ќе може да смета на неговите услуги дури во април, односно за повеќе од три и пол месеци.

Ова е нов проблем за Јунајтед, со оглед дека во моментов екипата влезе во нова резултатска криза, и првпат на Божиќ се наоѓа во долната половина на табелата во Премиерлигата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button