ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Големата вест“ на Ахмети бил Бујар Османи, а ќе се бори и против Русија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го откри името на Бујар Османи како кандидат за претседател. Според него, Османи е вистинскиот кандидат за да ја претставува ДУИ во оваа изборна трка, додавајќи дека неговата идеја е со отворањето на уставните измени, претседателот да се бира во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бадентерово, а да има и потпретседател на државата.

„Бујар се докажа на локалната и меѓународната сцена и помогна во битката против Русија и како дел од нашиот тим за промена на Уставот, за влез во НАТО и за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум и битката на времето да ја добиеме вашата доверба да го бираме во Собрание со мнозинство од 2/3 од гласовите и со Бадентер за да ја реализираме нашата визија за консензуален претседател“, рече Ахмети.

Пред Ахмети, идејата за избор на претседател во Собранието ја обелодени и првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Тој синоќа ги повика Албанците и ДУИ да ја поддржат неговата кандидатура и барањето една од трите најважни функции во државата да стане практика за Албанците.

„Имаме намера при следното отворање на Уставот да вклучиме три елементи: внесување на бугарското малцинство и другите малцинства, отстранување на 20% што го дефинира албанскиот јазик и избор на претседател од страна на Собранието, а не преку избори. Ова е важна вест. На овој начин во иднина политичките сили што ги претставуваат двата најголеми народа заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции“, рече Таравари.

Од земјите од регионот, во моментов претседател се избира во Парламентот во Албанија со 3/5 од гласовите од вкупниот број пратеници кои минуваат низ 5 филтри, но и на Косово низ 3 филтри со 2/3 од гласовите. Во Косово ако Парламентот не може да најде потребно мнозинство за избор на претседателот, Собранието се распушта и паѓа Владата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button