РЕГИОН
Големо невреме погоди делови од Србија, метеоролозите алармираат – следува уште полошо!

Силно невреме започна низ цела Србија! Ветрови со сила на ураган уништуваат сè пред себе, пренесуваат локалните медиуми. Според прогнозата на Републичката хидрометеоролошка служба на Србија (РХМЗ), времето и натаму ќе се влошува на целата територија на земјата.
РХМЗ веќе предупреди за временските услови утрово, а многу граѓани добија и предупредувачка СМС-порака.
Нови Сад, Обреновац, Футог, Белград, Шид се во напад… Поради силното невреме, многу делови од Србија веќе се без електрична енергија. Дрвјата уништија паркирани автомобили, а поради силниот ветер падна и столб за осветлување во Нов Белград.