ВЕСТИСВЕТ

Големо невреме со поплави зафати делови од Скандинавија

Силно невреме проследено со дожд ја погоди Скандинавија, предизвикувајќи поплави на југот на Норвешка, а во Гетеборг, Шведска, железничкиот сообраќај е во прекин откако невремето ја оштети главната железничка станица. Илјадници луѓе на западот од земјата останаа без струја.

Засега нема повредени, јавуваат шведските медиуми.

Службите за итни случаи во Гетеборг ги повикаа луѓето да останат во затворени простории бидејќи „разни  предмети можат да одлетаат далеку и да претставуваат опасност за јавноста, како што се градежни делови, знаци, ќерамиди и слични други предмети“.

Полицаец од Гетеборг изјавил дека примиле околу 150 повици за паднати дрвја во текот на пет часа.

Метеоролошкиот институт на Данска соопшти дека бурата, која ја нарече Ролф, главно беснее низ северниот и северозападниот дел на земјата, пренесува АП.

Околу 4.000 на западниот брег на Шведска се без струја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button