
Фудбалерите на Трабзонспор го декласираа Монако (4-0) и го преминаа францускиот ривал во групата на Лигата на Европа. Стрелец на еден од погодоците беше и македонскиот репрезентативец, Енис Барди.
Играчот за врска го даде третиот гол за Трабзон, директно од слободен удар. Барди го измами живиот ѕид и со удар под фудбалерите на Монако кои скокнаа стрела за 3-0 на својата екипа. Токму овој гол на Барди беше избран за најдобар во четвртото коло на Лигата на Европа од страна на УЕФА.
🥇⚽️ The #UEL Goal of the Week winner is…@Heineken | #UELGOTW pic.twitter.com/CDsAbebD1X
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 14, 2022
За Барди ова беше првиот европски погодок во својата кариера во шестиот настап оваа сезона.