ВЕСТИРЕГИОН

Гонзалез Лаја: Преку проширување на ЕУ до стабилизација на Западниот Балкан

Шпанската министерка за надворешни работи, Марија Аранзазу Гонзалес Лаја, изјави денеска дека земјата го поддржува проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и оцени дека тоа ќе го стабилизира регионот. Во интервју за Хина, таа рече дека работи заедно со Хрватска, Словенија и Австрија на тема проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

„Ги забележуваме аспирациите на тамошните земји кон членство во ЕУ како начин да се стабилизира областа и да и се даде нова димензија на безбедност и просперитет, а тоа е токму она што го сакаме“, рече Гонзалез Лаја. Според неа, Шпанија веќе работи на натамошно забрзување на преговорите со Албанија и Северна Македонија, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button