ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Google translate“, смешни преводи на албанскиот јазик

„Google translate“, смешни преводи на албанскиот јазик

„Не оставај вредни предмети во вашиот автомобил“ при превод на албански е „Не оставај штета на вашиот автомобил“. Приватните компании и некои државни институции често прават грешки кога од Гугл транслејт се обидуваат да го преземат преводот за албанскиот јазик. Сквернавењето на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од македонските граѓани го има насекаде на пишаните табли, документите и етикетите.

Advertisements

„Согласно Законот за заштита на потрошувачите, секој прехранбен производ мора да има етикета на која се прикажува изјавата што поседува. Во повеќето случаи недостига албанскиот јазик. Во случаите каде е напишан, е погрешно формулиран и со смешни значења“, рапортираше новинарот на Алсат, Аднан Ќаили.
Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците ги критикува овие грешки, но вели дека тие немаат никакви ингеренции кон приватните компании.

„Инспекторатот за употреба на јазиците врши инспекциски надзор врз основа на амандманот 5 од Уставот на РСМ и законските одредби. Надлежност на Инспекторатот за употреба на јазиците е да врши надзор на знаци, печати, веб-страници, подзаконски акти и закони објавени во Службен весник. Што се однесува до прашањето за превод и лектура надлежна е Агенцијата за примена на јазикот, каде што сите институции треба да побараат помош за стандардизација на јазикот“, рече Фатмир Исени, директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Во мрежите на најголемите маркети забележавме многу написи кои воопшто не се напишани на албански јазик. Многу граѓани, на кои им е тешко да го разберат македонскиот јазик, не се во состојба детално да разберат на својот мајчин јазик каков производ купуваат, и какви се квалитетите на производите што ги јадат./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button