СПОРТФУДБАЛ

Горан Симов, е новиот тренер на Македонија ЃП

Горан Симов, поранешниот голман, а сегашен тренер, е назначен за нов предводник на македонскиот фудбалски прволигаш Македонија ЃП, информираат од клубот.

Advertisements

Освојувачот на првиот куп од 2006 година како голман со „лавовите“, сега доаѓа како шеф на стручниот штаб. Симов последен пат работеше во екипата на Вардар и оттогаш нема ангажман.

Покрај што го водеше Вардар, Симов три години беше тренер и на кратовски Силекс, клуб во кој ја заврши играчката кариера. Дресот на Македонија ЃП, Горан Симов го носеше како чувар на мрежата од 2005 од 2008 година. Симов на местото тренер на Македонија ЃП доаѓа на местото на Муарем Бајрами./Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button