СПОРТФУДБАЛ

Горан Станиќ седнува на клупата на Работнички, на местото на Гоце Седлоски

Македонскиот прволигаш Работнички се раздели со Гоце Седлоски и веднаш го именува Горан Станиќ за нов шеф на стручниот штаб. Негови соработници ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Тренер на голманите останува Матеј Миленков.

Advertisements

Серијата од четири последовни порази беше кобна за Гоце Седлоски. Клубот утрово објави дека спогодбено е раскината соработката со трофејниот стратег кој дојде на половина од сезоната, но не успеа да ги оствари посакуваните резултати со „романтичарите“.

„ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски.

Клубот им се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери“, соопшти ФК Работнички.

Станиќ денеска ќе го има првиот тренинг со тимот, а го очекува тешка задача во продолжението од шампионатот затоа што ФК Работнички по последниот пораз од Брера се наоѓа на осмата позиција на табелата со 27 бода, само еден повеќе од десеттопласираниот Вардар и три повеќе од Македонија ЃП, која е на позиција која води во понизок ранг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button