
Горазд Михајлов е блиску да седне на клупата на Вардар, и да се обиде да го спаси од најлошото во летниот преоден рок.
Михајлов (не)очекувано го напушти кормилото на кратовскиот тим веднаш по завршувањето на сезоната, а во исто време и Вардар остана без тренер после оставката на Александар Васоски. Од друга, страна, пак, Александар Васоски е блиску да го презеде кормилото на Силекс, и доколку дојде до ова сценарио, двата тима практично ќе си ги разменат тренерите во зимската пауза.
Михајлов во минатото беше тренер и на Борец, Тетекс, Пелистер, Охрид, а беше дел и од Рудар Приједор (Црна Гора), а работеше и на блискиот исток, во Ал-Кадисија, Хата и Ал Дафра./Ekipa.mk/