СПОРТ
Ѓорческа го заврши настапот во осминафиналето во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во осминафиналето на ИТФ фјучрсот во Ларнака, откако мораше да и предаде на италијанката, Дебора Киеза.
Ѓорческа го освои првиот сет со 6-2, но потоа се соочи со сериозни проблеми и го загуби следниот сет со 0-6, додека во третиот губеше со 0-3 па поради повреда мораше да предаде.
Македонската тенисерка претходната недела настапи на уште еден турнир во Ларнака, каде што стигна до финалето.