СПОРТ
Ѓорческа, по пауза од 7 години повторно ќе настапи на Ролан Гарос

Лина Ѓорческа по пауза од седум години повторно ќе настапи во квалификациите на гренслем-турнирот Ролан Гарос.
Македонската тенисерка досега само еднаш се бореше за главниот дел од турнирот во Париз, и тоа во 2017 година кога беше поразена од Керин Лемон со 6-3, 3-6 и 3-6.
Квалификациите на престижниот турнир се закажани за период од 20 до 24 мај, а Ѓорческа наскоро ќе ја дознае и првата противничка на натпреварувањето.
Ѓорческа претходно играше на турнирот во Трнава, Словачка каде што стигна до четвртфиналето и освои нови бодови со кои ја чека напредок на ВТА-листата која ќе биде објавена в понеделник.