ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Горештините го отежнуваат долготрајното чекање на автобуските станици

Продолжува метежот, чекањето и тешките услови во градските автобуси во Скопје.
Револтирани граѓани велат дека, освен што треба да ги чекаат долго автобусите на високи температури, во самите автобуси недостигаат и клима-уреди.
Според информациите, во сообраќај се вратени и приватните превозници по делумната исплата од страна на Јавното сообраќајно претпријатие. Но, и покрај тоа што учениците сега се на распуст, метежот во автобусите продолжува. Во меѓувреме, според соопштение од ЈСП, учениците ќе можат да го користат јавниот превоз во Скопје и за време на летниот распуст.
Авни Тахири