МАКЕДОНИЈА

Гори шума меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци

Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски за МИА вели дека пожарот се шири поради ветерот.

Advertisements

На терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“.

-Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот, побарано е од Дирекцијата за заштита и спасување, а нашиот градоначалник го побара и специјалното возило за гасење на шумски пожари од Доброволното Противпожарно друштво во Пехчево, вели Руменковски.

Пожарот е регистриран синоќа на сува трева од страна на вработените на ЈП „Македонски шуми“, но попладнево е раширен поради ветерот. Според Руменковски во моментов нема опасност, по населените места во беровскиот регион, огнената стихија е во планинскиот предел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button