ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Горно Свиларе без вода – „Тураме шишиња вода во машината за перење алишта“

Горно Свиларе без вода - „Тураме шишиња вода во машината за перење алишта“

И без вода и без пат. Вака жителите на Горно Свиларе општина Сарај го опишуваат своето село, додавајќи дека се заборавени од секоја институција. Додека чешмите во куќите се суви, жителите полнат вода на селската чешма. До неа водат цевки од планината, од акумулација изградена со инвестиција на самите селани. Други пак решение нашле во поставувањето на големи буриња за вода во нивните дворови.

Advertisements

„Ако сакате, можеме да одиме кај мене и да видиме дали има вода или не. Доаѓам од таму, полнам со шишиња, еве дојдов, ноќе нема ништо. Кога доаѓа, тогаш переме алишта. Има вода еден час, нема повеќе. Само наутро, од шест или седум и пол до осум, потоа престанува“.

„Катастрофа – и во лето и во зима. Само земаат пари и бегаат одовде, доаѓа друга група, ги зема парите и бега. И струја плаќаме, до 12 навечер има струја, па прекинува, доаѓаат луѓе шетаат по куќите, крадат. Тураме шишиња со вода во машината за перење алишта. За пиење купуваме вода. Има друг проблем, немаме канализација, но сметките почнаа да ни ги праќаат, ништо не прават, а сметките ги праќаат.“

Други жители велат дека нема вода поради злоупотреба за наводнување на земјоделските култури.

„Така е секогаш во летната сезона затоа што луѓето наводнуваат, луѓето имаат ниви. Наводнувањето и злоупотребата од селаните, ние самите сме виновни“.

Покрај недостигот на вода, жителите се револтирани и од уништените патишта.

„Можете сами да го видите патот. Доволно е што се уништуваат гумите на возилата. Не се надевам дека овде нешто ќе се направи, патот не се гради со години, ни пат, ни вода“.

Од општина Сарај велат…

„Општина Сарај е во координација со Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на Град Скопје за добивање техничко одобрение за стопанисување со водоснабдувањето на Горно Свиларе и обезбедување вода за пиење 24 часа за жителите“, велат од Општина Сарај.

Што се однесува до состојбата на патиштата, од општината тврдат дека го повлекле идејниот проект за поправка на патиштата поради поплаки на жителите, па сега се работи на нов проект. Со него наводно се предвидува проширување на патот и поставување на подземна инфраструктура.

Тимот на Алсат не беше добредојден од сите жители. Имаше и такви кои нè спречуваа во работата да ја информираме јавноста за потребите на жителите од ова село.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button