
Гостивар претстави уште едно засилување оваа зима. Нов член на новајлијата во Првата македонска фудбалска лига е Берат Калкан, 20-годишен офанзивен играч за врска.
Калкан е роден во Истанбул, но настапуваше за младинските селекции на Македонија, а во Гостивар доаѓа на позајмица до крајот на сезоната. Негов клуб е турски Касимпаша. Со доаѓањето на Калкан, Гостивар доби на квалитет во офанзивата, а оваа зима клубот заврши уште неколку големи трансфери.
Освен Калкан во клубот пристигнаа и хрватскиот напаѓач со богато портфолио Петар Слишковиќ, носителот на играта на Тиквеш, Иван Ивановски, Томас Меизнер од Германија како и детето на Фенербахче меѓу стативите Ертен Ерсу. Исто така, клубот го доведе и турскиот тренер Исмаил Аталан.