ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гостиварец осомничен дека произведувал детска порнографија, Обвинителството бара притвор

Гостиварец осомничен дека произведувал детска порнографија, Обвинителството бара притвор

Гостиварското Основно јавно обвинителство (ОЈО) поведе постапка против триесетгодишен гостиварец кој е осомничен дека произведувал и дистрибуирал детска порнографија.

Advertisements

Во соопштението од Обвинителството се наведува дека гостиварецот од минатата година до 26 јуни годинава во Гостивар произведувал детска порнографија.

„Во периодот од 2022 година до 26.6.2023 година во Гостивар осомничениот произведувал детска порнографија снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете жртва. Снимените фотографии и видеоматеријал ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон, со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин“, се вели во соопштението од гостиварското Основно јавно обвинителство.

Според јавниот обвинител, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоците и страв дека осомничениот ќе го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар тој доставил предлог за определување мерка притвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button