МАКЕДОНИЈА

„Говор на омраза“, Спасовски: Полицијата беше ефикасна, на ред е Обвинителството

Последниот случај кога група навивачи на „Комити“ во населбата Ѓорче Петров извикуваа навредливи скандирања на сметка на Албанците, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, не треба да се толерира, туку да се санкционира. Според него, најдобриот начин да се спречат овие појави е да се санкционираат сторителите на овие настани, што може да влијае врз влошување на меѓуетничките односи во земјата.

Advertisements

„Случаи со говор на омраза, точно последниот случај што го споменувате, полицијата беше ефикасна, соработувавме со Јавното обвинителство, идентификувани се учесниците во овој немил настан. Се покренаа кривично постапки што покажува дека сме решени дека говорот на омраза не треба да се толерира. Потребна е и поголема ефикасносто од Јавното обвинителство да ги процесуира за да ги обесхрабриме сите коишто на овој начин настапуваат во нашето општество“, рече министерот Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button