Говорот на омраза се враќа на стадионите
Говорот на омраза се враќа на стадионите

Повторно навреди по национална основа во домашниот фудбал. Последните навреди се упатени во Битола на натпреварот Пелистер – Шкендија. Навивачите „Чкембари“ скандираа „гасни комори за Албанците“. Според тренерот Африм Бајрами, овие непристојни спортски чинови можат да влијаат и на секојдневниот живот надвор од стадионите.
„Во последно време зема голем замав, и треба да бидеме внимателни како општество. Тоа не е добро, не е добро за семејствата кои одат на спортски стадиони, спортски натпревари. Обесхрабрувачки е за оние кои сакаат да гледаат големи натпревари на стадион. Говорот на омраза води кон омраза и кон насилство. Не е ни чудно што омразата што се појавува на стадионот се прелсикува и во реалноста и во секојдневниот живот“, рече Африм Бајрами, спортски тренер.
Според Бајрами, казните за секој одговорен за насилство или за говор на омраза се високи, но во реалноста тие не се изрекуваат.
„Казните се огромни. Извештаите што ги имам од полицијата покажуваат дека казните се високи, но за жал остануваат само на хартија и не се спроведуваат„, рече Африм Бајрами, спортски тренер.
Во меѓувреме, Фудбалската федерација на Македонија остро го осудува секој облик на навреди на етничка, расна или верска основаза време на фудбалските натпревари и надвор од нив.
„Ги повикуваме сите групи и поединци да покажат меѓусебна почит и да придонесат за пристојна и спортска атмосфера на стадионите. Секоја провокација, навреда или чин кој предизвикува раздор нема место во спортот. Нашата соработка со клубовите, навивачите и институциите ќе продолжи да гарантира дека фудбалот останува позитивен пример на толеранција и заедништво“, рече Фудбалска Федерација на Македонија.
Од друга страна, фудбалерите и спортските тимови бараат коректен однос на трибините./Алсат.мк
Махир Тачи