МАКЕДОНИЈА

Град Скопје ги објави повиците за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Град Скопје ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето ќе се одвива онлајн, а право на учество имаат жителите на Град Скопје, од општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар Чаир и Шуто Оризари.

Advertisements

-Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“, информира Град Скопје.

На повикот за доделување субвенции за купување велосипед и електрични тротинети граѓаните ќе можат да се пријават електронски на веб страната на Град Скопје и [aplikacii.skopjelab.mk]Скопје лаб или директно на линковите за субвенции за велосипед или тротинет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button