ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Град Скопје назначи нови директори за ЈП „Водовод и канализација“, МКЦ и Зоолошка градина

По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, Младински културен центар и Зоолошката градина Град Скопје назначи нови директори, како што наведува во соопштението, со значителено работно и раководно искуство.

Од Градот информираат дека за нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство, додека досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените и е економист исто така со 20 години работно искуство, а во МКЦ ќе биде назначен нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button