ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Град Скопје поднесе кривична пријава против Шилегов за прослава во кафана

Град Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, Петре Шилегов и поранешната претседателка на Советот, Љубица Јанчева. Ги обвинуваат за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со организирањето прослави пред новата 2019 година. Од Град Скопје велат дека немало договор за јавна набавка за празникот и оти во овој период Градот веќе имал договори со други фирми за угостителски услуги. Меѓу нив го немало ресторанот во кој се организирала прославата. Реагираше СДСМ. Според оваа партија, ВМРО-ДПМНЕ измислува афери кои не постојат и поднесува кривични пријави за да се сокрие неуспехот во работата на градоначалничката, Данела Арсовска.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button