ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градењето на автопатот Охрид – Кичево во застој, сообраќајни несреќи скоро секој ден

За само десет дена во близина на Охридскиот аеродром, речиси на истото место се случија две сообраќајни несреќи, кога камиони се превртија и излетаа од патот кој е во изградба. Во незгодата вчера била причинета поголема материјална штета, а повреден бил возачот на камионот. Во претходниот случај, излета камион со полски регистарски ознаки. Автопатот Охрид – Кичево, кој се гради цели осум години, станува сè понебезбеден и ризичен за движење, реагираа денеска експерти чија струка е загрозената безбедност.

Advertisements

„Не е чудно ќе се превртуваат затоа што на многу делови од овој пат е опасно да се вози. Вие немате на многу делови, обележани банкини. Вие доаѓате до раб на патот, каде нема елементарни обележја. И возилата и луѓето и товарните возила, автобуси, возењето на патници е ризик и ќе биде ризик сè додека не се направи“, рече Љупчо Милкоски, Национален консултант за загрозеност на безбедноста.

Во моментов на автопатот речиси ништо не се работи, а она што е направено пропаѓа. Од Министерството за транспорт за Алсат велат дека потпишаниот Анекс на договорот со кинеската фирма Синохидро за продолжување на рокот за изградба, вчера ја поминал матичната Комисија за транспорт во Собранието. Очекуваат на една од наредните седници, тој да биде ставен на дневен ред и да биде изгласан од пратениците.

„По изгласувањето на Анекс-договорот, очекуваме засилување на градежните активности на автопатската делница“, наведоа од Министерството за транспорт и врски.

Рокот за завршување на изградбата на автопатот, според Анекс-договорот, е 31 декември 2023 година. Тој почна да се гради во 2014-ттата, а требаше да биде готов во 2018 година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button