ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градежна Одисеја на Кичево – Охрид, уште колку години за нов автопат?

Mеханизација и десеттина работници денеска асфалтираа дел од автопатот Охрид – Кичево на потегот кај селото Горенци. Работеа непосредно пред да дојде министерот за транспорт. До вчера речиси и ништо да не се работеше на овој потег, а за денеска службите му рекле на Бочварски дека има повеќе стотици работници и 280 градежни машини.

Advertisements

„Согласно нашата комуникација со надзорниот орган имаме 700 работници денес на терен по целата должина на трасата од Кичево до Охрид бидејќи градежната сезона е отворена и како ќе се комплетираат градежните позиции, така и ќе ги завршуваме овие градежни позиции кои излегуваат пред нас“, вели Благој Бочварски- министер за транспорт и врски.

„На денешниот увид на автопатот, делница Кичево-Охрид со министерот констатиравме дека се пробиени околу 95% од трасата. Најголемиот дел од инфраструктурните проекти веќе се одобрени…“, вели Ејуп Рустеми-директор на ЈП за државни патишта.

Според последните планови, Владата очекува автопатот да биде комплетно завршен до крајот на 2023 година. Претходно десната лента од Требеништа до Охрид се најавува дека ќе биде пуштена на почетокот на август, а левата лента до крајот на годинава.

На прашањето дали поради поскапите репроматеријали ќе има ново зголемување на цената на автопатот, Бочварски рече дека во моментот тоа не може да се утврди. Според последните податоци, автопатот треба да чини околу 600 милиони евра.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button