Градежниците незаштитени од сонцето, Синдикатот реагира

Во најжешките часови од денот кога улиците се испразнети, а термометрите во Скопје покажуваат над 35 степени, градежните работници без елементарна заштита и без сенка, продолжуваат да работат високо на скелињата под отворено небо, на жежок бетон и машини што испуштаат топлина.
Во неколку обиколки низ главниот град, објективот на Телевизија Алсат улови алармантни услови: работници кои со лопатата во рака, без капа, вода или заштита, ја градат урбаната слика на Скопје.
Иван Пешевски од градежниот синдикат, вели дека не е доволно само Владата да препорачува мерки како што се: кога е портокалова или црвена фаза во тајмингот помеѓу 11и 17 часот, градежните работници да одмараат, потребно е да донесе законски измени со кои ќе се забрани да работат градежните работници на пеколните температури.
„Во спротивно на препораки никој кај нас не го пали црвеното сијаличе од алармот и понатака си работи на отворено и понатака работи во ексремно високи, а зимно време и ниски температури имајќи во предивбд дека најголемиот дел од повредите и жртвите што се случуваат се токму од тие мобилни градилишта, од работните места кои што се изложени од овој ризик и работни места кои што одамна бараме бенифициран стаж а немаат до ден денес“, изјави Пешевски.
Од градежниот синдикат велат дека утре ќе поднесат и писмен апел до Владата за заштита на работниците, имајќи во предвид дека не сме ниту јули ниту август, а веќе има најавен топлотен бран за оваа и следната недела.
Ангел Димовски.