ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градинката во Липково иако е целосно завршена, со месеци не е во функција

Градинката во Општина Липково се чини дека служи само како украсен објект во центарот на селото Матејче. И покрај нејзината целосна изградба, веќе неколку месеци не е функционална. Градоначалникот на Општината, за Алсат вели дека сите потребни процедури се спроведени од страна на Општината, но надлежните институции не дале согласност за персоналот кој треба да биде во служба на 115 деца.

Advertisements

„Чекавме речиси три месеци, неколку пати сме ургирале за да видиме до каде е процедурата. Имаме притисок од родителите кои имаат деца за во градинка, а бројот на деца кои чекаат е околу 84 вклучувајќи ги селата Никуштак, Ропаљце, Виштица, Матејче, Хотла и Липково. Тука нема политичка припадност, тука доаѓаат сите деца кои имаат потреба да дојдат и верувам дека ова време што го губиме е премногу за родителите и мислам дека што побргу треба да ни дадат одговор за шуштање во употреба на градинката“, рече Еркан Арифи, градоначалник на Општина Липково.

Жителите кои ги сретнавме во селото, велат велат дека имаат деца и внуци кои чекаат да тргнат во градинка.

„Имам две внучиња, едното четири години, а другото две години, запишани се уште пред четири месеци, а има пријавено многу. Сите жители се жалат за тоа што се случува со оваа градинка, зошто не се отвора? Јас и мојата сопруга сме пензионери, се грижиме за внуците бидејќи и двајцата родители на децата се на работа, едниот работи во Скопје, а невестата предава германски јазик“…

„Градинката мора да се отвори, се гледа како е градена. Се што се гради е добро“…

„Има деца кои ги испраќаат во селото Оризаре, но штом тука е изградена градинка зошто да не се отвори“, велат жителите.

Градинката „Валбона“ е втора градинка во Општина Липково. Се очекува во неа да бидат згрижени 115 деца поделени во 6 групи. Со ваков проблем се соочува и Општина Арачиново каде исто така надлежните институции не даваат согласности за персоналот кој ќе го овозможи работењето на градинката. Од Министерството за социјална работа не добивме одговор дали постапките за ставање во функција на овие градинки се во надлежност на оваа институција или други релевантни институции.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button