ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Димитриевски: „Моето евентуално заминување од СДСМ, желба на поединци“

На првиот состанок на Централниот комитет на СДСМ, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе биде исфрлен од сите тела и од партиското членство. Зоран Заев денеска соопшти дека одлуката ќе се базира на личниот потег на Димитриевски да се кандидира како независен градоначалник на Куманово, неколку дена пред партијата да го предложи Оливер Илиевски.
Но, Димитриевски јавно прашува: Како може однапред да се знаат одлуките на партиските органи? Според него, исклучувањето би било желба на поединци и не е волја на членството.

Како може партиското раководство на СДСМ однапред да ги знае одлуките на Централниот комитет, пред да бидат одобрени? Дали се боревме за такви внатрепартиски демократии? Нема да прифатам дека во моето општество имплементацијата на демократијата е само формална, туку да има вистинска демократија. Без разлика како се изјаснуваат партиските органи, јас бев, сум и ќе останам социјалдемократ и докажувам дека моето евентуално заминување од СДСМ е желба на поединци во партијата – нагласи Максим Димитриевски, Градоначалник на Куманово.

Минатата недела Димитриевски без да ја чека одлуката на партијата, соопшти дека по барање на граѓаните, самостојно се кандидира за нов мандат. Расколот во СДСМ во Куманово ескалираше за време на пандемијата, кога Димитриевски изјави дека Владата дејствува како режим во однос на неговото барање за карантин во Куманово поради големиот број граѓани погодени од „Ковид-19“.

Потоа Димитриевски се соочи и со обвинувања од граѓани Албанци за таканаречената „Химна за Куманово“ во која не вклучил ниту еден албански елемент. На локалните избори во 2017 година, Димитриевски го победи противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Георгиевски, уште во првиот круг со над 10 илјади гласови разлика.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button