ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Охрид, Пецаков, во изолација

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков за Алсат вели дека и покрај тоа што вториот ПЦР тест кој го направил, покажал дека е негативен на Ковид 19, во изолација ќе остане до петок 28 јануари. Првиот тест кој го направил на 19 јануари утрото, вечерта покажал позитивен резултат. Тестот кој го направил на 19-ти бил заради патување во странство во Банско, Бугарија вели Пецаков.

Advertisements

„Важело првото решение иако 30-тина часа после тоа имам негативен тест. Така што, сè уште сум дома“, вели Пецаков.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова телефонски за Алсат рече дека со посебна уредба на Владата, донесена на 22 април 2020 година, со законска сила се задолжува самоизолација додека се чека резултатот од тестирањето. Но, градоначалникот тоа не го сторил, туку присуствуваше на манифестацијата во Охрид за празникот Водици.

„…Самоизолацијата преминува во домашна изолација, регулирана со решение од ДСЗИ, во оној момент кога лицето добива позитивен тест. Како гледате на тој момент, што на тој настан, присуствуваа илјадници граѓани? Тој дури имаше и средба со доста граѓани, функционери, амбасадори? Не можам да го коментирам. Тоа е неговото однесување. Јас само можам да ја образложам уредбата на Влада“, рече Ирина Бухова-директорка на ДСЗИ.

На Водици Пецаков беше во друштво со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со пратеници, а имаше средба и со евроамбасадорот, Дејвид Гир.

Низ слична ситуација поминува и секретарот на општината Александар Китески, кој исто така добил позитивен, па потоа негативен резултат за Ковид. И тој требало заедно со Пецаков да замине во Банско.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button