РЕГИОН
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, позитивен на коронавирусот


Le parlement
Алсат
28.07.2020 12:46
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирус.
Во објавата тој тврди дека и покрај сите мерки што ги преземал за своја лична заштита и заштитата на луѓето околу него, сепак, не успеал да се заштити од Ковид -19.
Велиај посочи дека е во добра здравствена состојба, а од денеска ќе продолжи да работи со истата посветеност од дома.