Градоначалниците Шилегов и Ганиу не наоѓаат решение за нелегалниот премин на Бит Пазар

На скопски Бит Пазар и понатаму иста ситуација. Нелегален пешачки премин и мост за пешаци, но кој не функционира. Општина Чаир и Град Скопје се оградуваат од одговорност.
Ист одговор, но во обратна насока, добивме и од општина Чаир. Оттаму како одговорни за случајот го наведуваат Градот Скопје.
„Дефинирањето на правниот статус на објектите лоцирани на булеварот како урбана опрема е законска надлежност на Град Скопје. За предметниот објект имаше барање за утврдување на правниот статус во општина Чаир кое по прегледот е утврдено дека не се исполнети условите за легализација и барањето е одбиено“, велат од општина Чаир.
Во ваква ситуација, деловните субјекти лоцирани на тротоарот на булеварот го шират својот простор. Иако објектот е на исто место со години, Чаир и Скопје го категоризираат како привремен и барата другиот да го реши проблемот. Сопственикот на објектот во телефонски разговор ни рече дека се обратил и во општина Чаир и во Скопје, а тој продолжува да работи се додека постапката за легализација не помине и во едната и во другата локална самоуправа. Инаку, неколку пати досега градоначалникот Шилегов ветуваше дека ќе го затвори илегалниот премин и ќе ги отстрани сите нелегални објекти на тротоарот.
Еви Шкопи